• четврток, 26 декември 2024

Вархеји: Го анализираме италијанско-албанскиот договор за мигрантите, интересен модел

Вархеји: Го анализираме италијанско-албанскиот договор за мигрантите, интересен модел

Тирана, 8 ноември 2023 (МИА) - Комесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеjи, на прашањето на  италијанските европратеници во Комисијата за надворешни работи на ЕП за договорот за мигранти Италија-Албанија, одговорил дека  го анализираат како случај бидејќи изгледа интересен модел. 

Додал дека треба да се поздрави  секаков вид соработка меѓу Италија и Албанија во интерес на  безбедноста на Европа и оти  тие се подготвени да дадат придонес.

- Го анализираме договорот меѓу Италија и Албанија за управување со миграциските текови, тоа е интересен модел. Веќе постои добра безбедносна соработка меѓу Албанија и Италија, на пример големите напори на Финансиската полиција во 2020 и 2021 година кои ја сменија реалноста на теренот. Затоа верувам дека треба да се цени секаков вид соработка меѓу Италија и Албанија за безбедност на Европа и ние сме подготвени да придонесеме,  рекол тој, јави Јуроњуз/ал.

Ова е прва официјална реакција на висок претставник на ЕУ околу ова прашање.
Во договорот што во понеделникот, Рим го потпишаа италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзиниот италијански колега Еди Рама, стои дека Италија на албанска територија ќе изгради прифатни центри за мигранти во Шенѓин и Ѓадр, кои ќе бидат транферирани од Италија.

-Во членот 4 се нагласува дека Италија ги гради структурите за престој на имигрантите целосно на свој трошок. Максималната граница на прием на странци ќе биде не повеќе од 3 илјади згрижени лица во исто време, е дел од договорот.

Исто така, Италија ќе ги сноси сите трошоци за бегалците, вклучувајќи ги и трошоците за здравствена заштита и други потреби што ќе произлезат.

Во документот е утврдено дека максималниот период на престој на имигрант не може да биде подолг од времето потребно за процедурите за азил и заштита, односно не повеќе од 45 дена.

Протоколот ќе остане на сила 5 години, со можност за обнова за уште еден петгодишен период. вт/
фото ЕПА

Остани поврзан