• понеделник, 23 декември 2024

Варди: Додека се чувствувам добро, ќе играм

Варди: Додека се чувствувам добро, ќе играм

Лечестер, 20 август 2024 (МИА) - Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, по ремито во мечот од 1. коло од Премиер лигата со Тотенхем (1:1), го сподели своето мислење за неговата игра на 37 години.

- Верувам дека годините се само бројка. Се додека јас и моите нозе се чувствуваме добро, ќе играм. Имаме тим кој во добар ден може да натера секого да трча, изјави Варди за „Би-би-си“.

Тој го постигна единствениот гол на синоќешниот натпревар со Тотенхем. 

Во 2. коло од Премиер лигата, Тотенхем на 24 август ќе му гостува на Евертон. Лестер на овој ден ќе игра на гости кај Фулам. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан