• среда, 10 јули 2024

Варди го продолжи договорот со Лестер

Варди го продолжи договорот со Лестер

 

Лестер, 7 јуни 2024 година (МИА) – Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди денеска потпиша нов едногодишен договор со клубот од Премиер лигата.

Поранешниот англиски репрезентативец Варди го носи дресот на Лестер од 2012 година и на 464 натпревари постигна 190 голови.

Триесетиседумгодишниот напаѓач ја освои Премиер лигата со Лестер во сезоната 2015/16, како и ФА Купот, Комјунити Шилд, како и две титули во Чемпионшип, вклучувајќи го и враќањето во Премиер лигата изминатата сезона.

„Се радуваме на уште една сезона во Премиер лигата која е пред нас, за да видиме што можеме да направиме. Тоа е најдобрата лига во светот, таму сакате да играте“, рече Варди. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан