• петок, 19 април 2024

Вардар 1961 во предност на полувреме во дербито против Еурофарм Пелистер

Вардар 1961 во предност на полувреме во дербито против Еурофарм Пелистер

Скопје, 26 март 2023 (МИА) – Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар 1961 води со 13-10 на полувреме во големото дерби против Еурофарм Пелистер, кое попладнево беше во прекин половина час поради навивачки инциденти.

Дерби натпреварот во „Јане Сандански“ во Скопје беше прекинат во 17-тата минута при резултат 6-6 кога во салата влегоа навивачите на битолскиот прволигаш и со пиротехнички средства почнаа да фрлаат кон домашната публика.

Десетина навивачи на Вардар потоа влегоа на теренот и возвратија во делот кон гостинските навивачи со пластични шишиња и тврди предмети по што судиите го прекинаа натпреварот, а двете екипи се повлекоа во соблекувалните.

По пауза од триесетина минута големото македонско ракометно дерби продолжи. ег/лв/

ФОТО: МИА

Остани поврзан