• недела, 08 март 2026

Вардар убедлив против Работнички, Струга загуби од Силекс

Вардар убедлив против Работнички, Струга загуби од Силекс

Скопје, 15 февруари 2026 (МИА) – Во натпревар на поранешните македонски фудбалски шампиони, Вардар попладнево како гостин го победи Работнички со убедливи 3:0.

Ова беше 15 победа сезонава за „црвено-црните“ во 18 натпревари од Првата македонска фудбалска лига.

На вториот денешен натпревар од 18. коло, Струга на свој терен загуби од Силекс со 2:3.

Стружани водеа во два наврата, но на крајот останаа со празни раце.

Табела: Вардар 48 бода (18 натпревари), Шкендија 42 (18), Струга 41 (18), Силекс 35 (18), Башкими 23 (17), Арсими 22 (17), Тиквеш 21 (18), Брера 20 (17), Пелистер 19 (17), Македонија ЃП 16 (17), Работнички 7 (18), Шкупи 1 (17). зс/

Фото: архива МИА

Остани поврзан