• недела, 22 декември 2024

Вардар со многу среќа до СЕХА полуфинале

Вардар со многу среќа до СЕХА полуфинале
Скопје, 29 август 2020 (МИА) – Актуелниот македонски и европски шампион Вардар ќе игра во полуфиналето на регионалната ракометна СЕХА лига. „Црвено-црните“ вечерва во СЦ „Јане Сандански“ загубија од хрватски Нексе со 25:26 во реваншот од четвртфиналето, но поради победа на гости со 31:30 одат во следната фаза. Двете екипи имаа максимално водство со три голови разлика. Вардар во 22. минута со 11:8, а Нексе на пет минути пред крајот водеше со 23:20 кога се чинеше дека севкупниот победник е решен. Сепак Вардар не се предаде и најмногу по заслуга на полскиот интернационалец Валчак стигна до „поволен“ пораз. Дисингер и Чупиќ со по пет погодоци беа најефикасни во домашниот тим, голманот Борко Ристовски забележа 10 одбрани. Кај гостите, воедно и на натпреварот најефикасен беше Халил Јагањац со осум гола, Морено Цар на голот стигна до 10 одбрани. Завршниот турнир ќе се игра во Задар од 4 до 6 септември. Покрај Вардар учество на „фајнал фор“ досега изборија уште и ППД Загреб и Мешков Брест. зс/

Остани поврзан