• недела, 22 декември 2024

Вардар одбележува 35 години од шампионска титула во поранешна Југославија

Вардар одбележува 35 години од шампионска титула во поранешна Југославија
Скопје, 14 јуни 2022 (МИА) – Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на денешен ден пред 35 години ја освои шампионската титула во поранешна Југославија, запишувајќи се во историјата како единствен домашен клуб кому тоа му успеало. Тимот предводен од Андон Дончевски и помошниците Методије Спасовски и Кочо Димитровски во сезоната 1986/97 освои 38 бодови, со 15 победи и 8 нерешени средби, од вкупно одиграните 34 првенствени натпревари. Во таа сезона поради лажирање на натпревари во претходната 1985/86 десет тимови во југословенското првенството почнаа со минус шест бодови по одлуката на Фудбалскиот сојуз која потоа беше повлечена и по судски пат титулата му беше доделена на белградски Партизан. Како признание за освоената титула УЕФА го потврди Вардар како југословенски шампион и доби шанса да се натпреварува во Купот на европските шампиони, во кое беше елиминиран од тогашниот актуелен европски првак Порто со два идентични порази од 3-0. За Вардар во шампионска сезона настапуваа Тони Савевски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Васил Рингов, Вујадин Станојковиќ, Љупчо Марковски, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Тони Атанасовски и Јовко Бизимовски. Најдобар стрелец беше Дарко Панчев со постигнати 18 голови додека Тони Савевски беше најстандарден со 33 настапи во црвено-црниот дрес. ег/ар/

Остани поврзан