• недела, 22 декември 2024

Варадкар: Израелските напади во Газа се повеќе наликуваат на одмазда

Варадкар: Израелските напади во Газа се повеќе наликуваат на одмазда

Даблин, 3 ноември 2023 (МИА) – Ирскиот премиер Лео Варадкар повторно ги критикуваше операциите на Израел во Газа, велејќи дека тие се повеќе наликуваат на одмазда. 

-Цврсто верувам дека Израел има право да се брани, има право да го нападне Хамас. Но, тука не се работи само за самоодбрана. Ова се повеќе наликува на одмазда, изјави денеска Варадкар за државното радио РТЕ, пренесено од Гардијан.

Ирскиот премиер веќе изјави дека Израел има право да се брани, но дека нема право да прави зло. 

На почетокот на бомбардирањето на Газа тој кажа дека реакцијата наликува на колективна казна. сд/

фото:ЕПА

 

Остани поврзан