• недела, 22 декември 2024

Ван Дајк откри што му недостасува на Ливерпул во моментов

Ван Дајк откри што му недостасува на Ливерпул во моментов
Ливерпул, 7 октомври 2020 (МИА) - Шефот на одбраната на англискиот шампион Ливерпул, Вирџил ван Дајк призна дека клубот се соочува со период на големи предизвици. Холанѓанецот и неговите соиграчи станаа за потсмев минатиот викенд кога беа понижени со 7: 2 од Астон Вила, кој минатата сезона едвај се спаси од испаѓање. - Најтешко е да се остане на врвот. Секој сака да види како паѓаш откако ќе се искачиш на врвот. Тоа е животот, особено овие денови. Сакам да го дадам својот максимум додека не се откажам од фудбалот и да не жалам за ништо после тоа, изјави ван Дајк за Би-Би-Си. Според него, најнепријатното чувство ќе биде да жалиш за нешто. - Ни претстои време на големи предизвици. Ние сме шампиони, за што ни требаше многу време. И сега мора да уживаме во моментот. Фановите можат да играат многу важна улога во тешки и добри моменти, бидејќи тие „креваат“ и му го отежнуваат животот на противникот. Секој знае колку е тешко да се игра на „Енфилд“ кога навивачите се зад нас. Се надевам дека работите ќе се променат наскоро затоа што ни требаат наши навивачи. Тие ги подобруваат нашите перформанси дома, ни даваат дополнителна мотивација. Тоа е нешто што ми недостига, додаде ван Дајк.

Тагови

Остани поврзан