• петок, 06 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

 

Ливерпул, 17 април 2025 (МИА) – Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк денеска го продолжи договорот со англискиот клуб до 2027 година.

„Многу сум среќен и горд. Има толку многу емоции кои ми поминуваат низ главата токму кога зборувам за тоа. Се чувствувам горд и радосен. Тоа е неверојатно. Патувањето што го имав досега во мојата кариера и можам да го продолжам за уште две години во овој клуб е неверојатно и многу сум среќен“, изјави Ван Дајк.

Холандскиот фудбалер му се приклучи на Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон за тогаш рекордна сума од 75 милиони фунти за дефанзивец.

Досега Ван Дајк одигра 314 натпревари и постигна 27 голови за Ливерпул, со кој меѓу другото ја освои Лигата на шампиони во 2019 година и Премиер лигата во 2020 година. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан