• среда, 17 јули 2024

Ван Гал главен кандидат за селектор на репрезентацијата на Холандија, федерацијата преговара со него

Ван Гал главен кандидат за селектор на репрезентацијата на Холандија, федерацијата преговара со него
Амстердам, 9 јули 2021 (МИА) - Поранешниот тренер на Ајакс, Барселона и Манчестер јунајтед, Луј ван Гал е главниот кандидат за селектор на репрезентацијата на Холандија. Раководството на федерацијата почна разговари со 69-годишниот фудбалски стручњак. По неуспешниот настап на ЕВРО 2020, каде репрезентацијата испадна во осминафиналето од Чешка, федерацијата е склона да назначи искусен селектор. „Вистинскиот шеф“, како што рече директорот Нико-Јан Хугма. Ван Гал претходно двапати работел со репрезентацијата на Холандија. За прв пат тој ја водеше екипата во 2000 година, но не успеа да го одведе тимот на Светското првенство во 2002 година, по што ја напушти функцијата. По 10 години, тој повторно ја прифати поканата и под негово водство, Холанѓаните го освоија 3. место на СП 2014 во Бразил. зс/  

Остани поврзан