• понеделник, 23 декември 2024

Вануату го пријави првиот случај на коронавирус

Вануату го пријави првиот случај на коронавирус
Порт Вила, 11 ноември 2020 (МИА) - Вануату го пријави првиот случај на коронавирус, откако едно лице кое се врати од Соединетите Американски Држави доби позитивен резултат на тестот додека беше во карантин. Таа држава во Пацификот беше една од ретките во која досега немаше заразени со вирусот. Здравствените власти соопштија дека 23-годишниот маж немал никакви симптоми кога пристигнал од САД на 4 ноември и бил рутински тестиран по пет дена. Властите соопштија дека ќе ги задржат во карантин другите патници од летот со кои тој бил во авионот и ќе ги следат контактите на заразеното лице, но дека нема потреба да се воведуваат други мерки. паг/  

Остани поврзан