Ванда Нара со поддршка за Икарди по натпреварот помеѓу Галатасарај и Фенербахче
- Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди доби поддршка од неговата сопруга Ванда Нара, која е и агент на играчот.

Истанбул, 25 декември 2023 (МИА) - Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди доби поддршка од неговата сопруга Ванда Нара, која е и агент на играчот.
Брачниот пар објави заедничка фотографија на која се гледа дека Мауро има повреда на окото. Ванда е со насликана модринка.
-Среќен Божиќ на сите! Ви посакуваме здравје, мир и многу љубов од Истанбул! – напиша Ванда Нара во коментар на објавата.
На 24 декември, Икарди на гостувањето од 18. коло на турското првенство против Фенербахче (0:0), беше удрен во лице од дефанзивецот на домаќините Александар Џику во противничкиот шеснаесетник, но судијата не забележа прекршок.
Подоцна, прес-службата на Галатасарај објави фотографија од Икарди, кој има модринка под окото и напиша: „ВАР и 26 камери не гледаат ништо, а ние се срамиме од нив“.
По овој натпревар Галатасарај и Фенербахче имаат по 44 бода на врвот на табелата во турскиот шампионат. зс/
Фото: Фејсбук Ванда Нара