• недела, 22 декември 2024

Вандализам на ловиштата во Македонска Каменица

Вандализам на ловиштата во Македонска Каменица
Делчево, 5 јули 2020 (МИА) - Нов случај на вандализам во шумските предели под надлежност на Ловното друштво „Каменица Саса“ од Македонска Каменица. Вандализмот, како што информираат од друштвото, се случил на едно од местата каде е извршена прихрана на дивечот, при што е регистрирано машко лице кое го врши вандализмот. -И покрај залагањата за зачувување и прихрана на дивечот во ловиштето во Македонска Каменица, меѓу ловџиите очигледно имави такви на кои им смета нашата постапка. И покрај овој случај кој денес го регистрираа нашите камери ова нека биде пример како не треба да се однесуваме во однос на заштитата на дивечот, истакнаа од ЛД „Каменица Саса“. Во рамки на вандалскиот чин, како што додадоа, оштетено е таканареченото „солиште“, од кое дивечот се прихранува во текот на летото. -И покрај овој вандалски чин ќе продолжиме да вршиме прихрана на дивечот, согласно сите правила за ловостопанство, а на сите наши членови ќе им порачаме да пријавуваат слични случаи кало денешниот, додадоа од каменичкото Ловно друштво. Случајот како што додадоа ќе биде пријавен до надлежните органи. вс/мд/

Остани поврзан