• петок, 22 ноември 2024

Ванг: Јужно Кинеско Море не е арена каде би се натпреварувале големите сили

Ванг: Јужно Кинеско Море не е арена каде би се натпреварувале големите сили
Пекинг, 25 јули 2022 (МИА) - Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска изјави дека Јужно Кинеско Море не е „сафари-парк“ за земјите кои не припаѓаат на регионот, ниту е „арена за борби“ каде би се натпреварувале големите сили. Тој истакна дека земјите од подрачјето треба сами да управуваат со регионот. Ванг учествува на виртуелен семинар по повод 20-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за однесување на локалните страни во Јужно Кинеско Море. ми/

Остани поврзан