• петок, 22 ноември 2024

Валенсија домаќин на атлетското ЕП 2027 во сала

Валенсија домаќин на атлетското ЕП 2027 во сала

 

Рим, 19 април 2024 (МИА) – Шпанскиот град Валенсија е избран за домаќин на Европското првенство во атлетика во сала во 2027 година.

Одлуката денеска ја донесе Управниот одбор на Европската атлетика на 173. седница одржана во Рим.

Валенсија по втор пат е избрана за домаќин на ова натпреварување, кое го организираше и во 1998 година. Десет години потоа, Валенсија беше домаќин на Светското првенство во атлетика во сала.

„Способноста на шпанската Федерација да организира големи континентални и светски атлетски настани е несомнена, а Валенсија веќе беше домаќин на неколку големи натпреварувања во минатото, така што знаеме дека има докажана и сигурна инфраструктура. Можам со целосна доверба да кажам дека Валенсија ќе биде прекрасен домаќин на ова првенство“, изјави претседателот на Европската атлетика, Добромир Карамаринов. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан