Валдеси Уркиза од Бразил е избран за нов генерален секретар на Интерпол
- Моментално потпретседател на Интерпол за Америка, Уркиза ќе биде првиот шеф на организацијата кој не доаѓа од Европа или од САД.
Лондон, 5 ноември 2024 (МИА) - Бразилскиот полициски функционер Валдеси Уркиза ќе биде следниот шеф на Интерпол, соопшти денеска организацијата.
Уркиза е избран за генерален секретар со гласање на Генералното собрание на Интерпол на состанокот во Глазгов, Шкотска, а функцијата ќе ја преземе кога состанокот ќе заврши в четврток.
Моментално потпретседател на Интерпол за Америка, Уркиза ќе биде првиот шеф на организацијата кој не доаѓа од Европа или од САД.
Уркиза вети дека ќе ја промовира различноста во организацијата, велејќи дека „силен Интерпол е оној што ги вклучува сите“. ссм/
фото: Интерпол