• петок, 26 јули 2024

Валверде суспендиран на еден натпревар за црвениот картон во шпанскиот Суперкуп

Валверде суспендиран на еден натпревар за црвениот картон во шпанскиот Суперкуп
Мадрид, 15 јануари 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, е суспендиран еден натпревар. Дваесет и едногодишниот фудбалер од средниот ред е казнет поради исклучувањето во финалето на шпанскиот Суперкуп против Атлетико Мадрид (4:1 на пенали). Во продолжението Уругваецот доби директен црвен картон за фаул врз Алваро Мората, кој имаше отворен пат кон голот на Реал. Валверде нема да игра во мечот од 20. коло од Ла Лига против Севиља на 18 јануари. зс/

Остани поврзан