• сабота, 27 јули 2024

Валверде се врати на клупата на Атлетик Билбао

Валверде се врати на клупата на Атлетик Билбао
Билбао, 25 јуни 2022 (МИА) – Третпат во својата тренерска кариера шпанскиот стратег Ернесто Валверде седнува на клупата на Атлетик Билбао, објавија денеска шпанските медиуми. Назначувањето на Валверде доаѓа по претседателските избори во баскискиот клуб на кои победи Јон Уријарте. Валверде беше негов главен кандидат за нов тренер и наскоро треба официјално да биде промовиран во шеф на стручниот штаб на шпанскиот прволигаш од Билбао. Валверде ја почна својата тренерска кариера во Атлетик како помошник во сезоната 2001/02, а две години подоцна беше назначен за шеф на стручниот штаб. По ангажманите во Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија, во 2013 година Валверде се врати во Атлетик и седеше на клупата во следните четири години. Потоа дојде повик од Барселона, кој Валверде не можеше да го одбие, и остана во каталонскиот клуб до 2020 година. Барселона е негов последен ангажман. ег/ми/

Остани поврзан