• четврток, 26 март 2026

Валверде нема да игра за Уругвај против Доминиканската Република и Узбекистан

Валверде нема да игра за Уругвај против Доминиканската Република и Узбекистан

Монтевидео, 7 октомври 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, нема да игра за репрезентацијата на Уругвај во октомвриските средби, објави „ESPN“.

Отсуството на 27-годишникот од репрезентацијата на Уругвај не е поради повреда или несогласување. Тоа е заедничка одлука помеѓу играчот и селекторот Марсело Биелса.

Уругвајската репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Доминиканската Република на 10 октомври и против Узбекистан на 13 октомври. 

Уругвај претходно се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година.

Валверде постигна осум гола и има две асистенции на 71 натпревар за репрезентацијата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан