Вакцинација против беснило кај домашни миленици во Куманово
- Редовно тече вакцинацијата против беснило кај домашните миленици во Куманово, информираа денеска надлежните од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“. Вакцинацијата се спроведува секо

Куманово, 2 февруари 2021 (МИА) - Редовно тече вакцинацијата против беснило кај домашните миленици во Куманово, информираа денеска надлежните од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“. Вакцинацијата се спроведува секоја година од јануари и завршува до март месец.
- Секоја година имаме помал број на сопственици кои ги вакцинираат миленичињата. Сега се обврзани да ставаат и чипови кои извесен период беа бесплатни, сега веќе се наплаќаат. Мислам дека тоа е една од причините поради која сопствениците одбегнуваат да ги вакцинираат миленичињата, изјави ветеринарниот лекар, Димитар Венев, од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово.
