• понеделник, 23 декември 2024

Вакцината на Новавакс 96 отсто ефикасна против оригиналната верзија на коронавирусот

Вакцината на Новавакс 96 отсто ефикасна против оригиналната верзија на коронавирусот
Лондон, 12 март 2021 (МИА) - Вакцината против Ковид-19 на „Новавакс“ е 96 проценти ефикасна во спречување на инфекцијата предизвикана од оригиналната верзија на коронавирусот во последното испитување спроведено во Велика Британија, соопшти компанијата. Вакцината, исто така, има ефикасност од околу 86 проценти во заштитата од позаразната варијанта на вирусот, која првпат беше откриена и сега е распространета во Велика Британија. Во одделно испитување во Јужна Африка, каде волонтерите првенствено беа изложени на другата понова, позаразна варијанта која циркулира таму и се шири низ целиот свет, вакцината имаше ефикасност од околу 55 проценти И во двете испитувања, вакцината беше 100 проценти ефикасна во спречување сериозни болести и смрт. Резултатите од финалната анализа на истражувањето во Велика Британија претежно беа во согласност со привремените податоци објавени во јануари, кои исто така покажаа дека вакцината на „Новавакс“ е 96 проценти ефикасна против оригиналната верзија на коронавирусот и околу 86 проценти ефикасна против британската варијанта. Компанијата очекува да ги искористи овие информации за да аплицира за одобрување во различни земји. Не е познато кога ќе побара одобрување во САД ниту дали американските регулатори ќе бараат да заврши истражувањето што е во тек таму. паг/  

Остани поврзан