• четврток, 26 март 2026

Вадефул ги повика Кина и Русија да ја поддржат резолуцијата на ОН за Појасот Газа

Вадефул ги повика Кина и Русија да ја поддржат резолуцијата на ОН за Појасот Газа

Букурешт, 14 октомври 2025 (МИА) – Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул ги повикува Пекинг и Москва да се согласат со резолуција на ОН за спроведување на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа.

Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН е неопходна, наведе Вадефул на средбата со неговата романска колешка Оана Цоиу во главниот град на Романија, Букурешт.

Тој додаде дека во тек се првичните разговори со Кина и со Русија, постојани членки на СБ со право на вето – за резолуција веќе се во тек.

- Се надевам дека ова ќе биде крунисано со успех, бидејќи ни е потребна правно безбедна рамка за распоредување на заштитни сили од различни земји во Појасот Газа. И можам само да ги повикам сите овде да учествуваат во овој конструктивен дијалог, истакна Вадефул.

Според него неопходни се меѓународни безбедносни за разоружување на Хамас, што е клучен чекор во мировниот процес.

- Веќе можеме да видиме дека Хамас не е подготвен доброволно да се откаже од власта, поради што ќе мора да се изврши притисок во иднина, посочи Вадефул.

фото: МИА архива

Остани поврзан