• понеделник, 23 декември 2024

Вавилонците знаеле за „Питагоровата теорема“ и цел милениум пред Питагора

Вавилонците знаеле за „Питагоровата теорема“ и цел милениум пред Питагора

Вашингтон, 5 октомври 2023 (МИА) - Испитувањата на плочките од Древен Вавилон сѐ повеќе го потврдуваат сознанието дека Питагоровата теорема им била позната на древните семитски математичари и 1.000 години пред времето кога живеел познатиот хеленски математичар.

Питагоровата теорема A² + B² = C² којашто важи за трите страни на кој било правоаголен триаголник, е можеби најпознатата теорема во математиката и четвртата најмоќна во практичната употреба. Равенката е именувана по Питагора, кој живеел пред околу 2500 години, потсетува порталот „ИФЛ Сајенс“ (IFL Science).

Но, плочки најдени кај Вавилон, датирани околу 1770 година п.н.е., докажуваат дека Питагора не го поставил прв прашањето. Математичарот Брус Ратнер смета дека тој заклучок е неизбежен.

- Вавилонците ја знаеле врската меѓу должината на дијагоналата на квадрат (со страна долга една мерна единица, б.п.), и неговата висина, т.е. d (дијагоналата) е еднаква на квадратен корен од 2 (мерни единици, б.п.). Ова е веројатно и првиот број за којшто се знаело дека е ирационален, вели Ратнер.

Ова, според математичарот, значи дека Питагоровата теорема е докажана над 1.200 години пред големиот старогрчки филозоф да рамислува за тоа.  си/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан