• петок, 21 февруари 2025

Бјорндален: Ако некој заслужи да го собори мојот рекорд за златни медали на Мундијалите, тоа е Јоханес Бе

Бјорндален: Ако некој заслужи да го собори мојот рекорд за златни медали на Мундијалите, тоа е Јоханес Бе

Осло, 17 февруари 2025 (МИА) - Осумкратниот олимписки шампион Норвежанецот Оле Еинар Бјорндален го сподели своето мислење за успехот на неговиот сонародник Јоханес Бе.

На 15 февруари, Јоханес Бе го надмина рекордот на Бјорндален за златни медали на светското првенство во биатлон со победата на спринтот во Ленцерхајде 2025 година.

- Ако има некој што заслужува да го собори овој рекорд, тоа е Јоханес. Тој е легенда. Мислам дека никогаш повеќе нема да го видиме истиот талент, не само физички туку и психички, изјави Бјорндален за „VG“.

Помладиот од браќата Бе има 21 златен медал од светското првенство, додека Бјорндален има 20 медали. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан