• петок, 05 декември 2025

Бушар, го одигра последниот натпревар во кариерата

Бушар, го одигра последниот натпревар во кариерата

Монтреал, 31 јули 2025 (МИА) - Поранешната тенисерка број 5 во светот, Ежени Бушар го одигра последниот натпревар во кариерата.

Триесет и едногодишната Канаѓанката ноќеска загуби од 20-тата тенисерка во светот, Белинда Бенчиќ, во натпреварот од второто коло на турнирот во Монтреал – 2:6, 6:3, 4:6.

- Пораснав играјќи на овие терени, гледајќи го овој турнир. Тенисот ми даде толку многу. Вечно сум благодарна на овој спорт и на сите што беа со мене на овој пат. Сакам да им се заблагодарам на мајка ми, татко ми, сестрите и брат ми за нивните жртви. Сакам да знаете дека кога публиката навиваше за мене, навиваше и за вас. Без вас, не би била тука, рече Бушар во солзи веднаш по мечот со бенчиќ.

Бушар беше финалистка на Вимблдон во 2014 година и поранешна тенисерка број 5 во светот. 

Во текот на својата кариера, таа освои една ВТА титула во сингл и една ВТА титула во двојки, како и трофејот во „Били Џин Кинг“ во 2023 година. зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан