• недела, 22 декември 2024

Бучковски заминува за Софија

Бучковски заминува за Софија

Софија,  11 јануари 2021 (МИА) - Специјалниот пратеник на Владата на Северна Македонија за Бугарија, Владо Бучковски денеска пристигнува во посета на Софија, јавија бугарските медиуми.

За денешното пристигнување на Бучковски во Софија се уште нема официјална потврда од Министерството за надворешни работи, кое пак викедов соопшти дека министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела остварил комуникација со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и било договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план. 

МНР нагласи дека задачата на специјалниот претставник Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства.

- Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија, додаваат од Министерството за надворешни работи во соопштението, кое беше објавено викендов.

Според бугарските медиуми посетата на Бучковски на Софија ќе трае неколку дена. Бучковски беше во посета на Софија на почетокот на декември. Тогаш тој имаше средби со Захариева, премиерот Бојко Борисов и со министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Османи вчера во интеврвју за Радио Слободна Европа порача дека не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатото и додаде дека единственото решение и формула за Бугарија е да се вратиме на начелото на Договорот, но и да се најдат механизми како да се направи побрз, подинамичен за да се создадат резултати. Според него, спорни се разликите во очекувањата за брзината на имплементацијата, за динамиката, за целта на имплементацијата на Договорот. ац/сп/

Остани поврзан