Буфон: Тудор одлично ја врши работата во Јувентус
- Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Џанлуиџи Буфон, зборуваше за својот поранешен клуб Јувентус, кој поминува низ турбулентен период.

Торино, 28 април 2025 (МИА) - Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Џанлуиџи Буфон, зборуваше за својот поранешен клуб Јувентус, кој поминува низ турбулентен период.
Популарниот Џиџи прво коментираше за борбата за титулата во Серија „А“, за која верува дека сè уште трае.
-Не е завршено, иако е направен важен чекор. Скудетото се решава во текот на целата година, во тој процес има моменти кога сфаќате дека сте прокоцкале нешто или сте пропуштиле можности. Но, не треба да го кажувам тоа, Интер и Наполи добро го знаат тоа. Од моментот кога Наполи го објави Антонио Конте за тренер, се знаеше дека тој, заедно со Интер, ќе бидат главни претенденти за титулата. Сега Интер очигледно се соочува со проблеми, а Наполи ги искористи максимално своите можности. Во моментов, моментумот е повеќе на страната на „партенопеите“, но мора да останеме претпазливи, рече Буфон.
Легендарниот голман го носеше дресот на Јувентус заедно со сегашниот привремен тренер на клубот, Игор Тудор, за кого има само добри зборови.
-Веднаш беше јасно дека Тудор е во склад со околината, го познаваше клубот и тоа беше забележливо. Успеа да изгради добар однос со играчите и медиумите, добро си ја врши работата. Жал ми е што сето ова се чини дека оди на штета на Тијаго Мота, кој е неверојатно талентиран тренер. Зошто испадна така, навистина не знам, додаде Буфон. дс
Фото: Архива