Бускетс: Заслужено победивме
- Можевме и порано да го завршиме натпреварот во наша корист, но заслужено победивме, оцени капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Серхио Бускетс по вечерашниот драматичен триумф над

Копенхаген, 28 јуни 2021 (МИА) – Можевме и порано да го завршиме натпреварот во наша корист, но заслужено победивме, оцени капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Серхио Бускетс по вечерашниот драматичен триумф над Хрватска од 5:3 по продолженија во осминафиналето на ЕУРО2020.
- Среќни сме поради победата. Ова беше многу тежок натпревар, но заслужено победивме. Можевме и порано да ја обезбедиме победата. Хрватска по 1:3 го промени начинот на игра и заигра офанзивно. За жал, примивме два гола и натпреварот отиде во продолженија“, изјави Бускетс.
- Во продолженијата покажавме карактер и бевме подобриот тим, иако имаше моменти кога и хрватска репрезентација играше добро, додаде шпанскиот капитен, кој беше прогласен за играч на натпреварот. ег/