• понеделник, 23 декември 2024

Бурк: Покажавте храброст, одлучност и упорност, горд сум што сум во истиот тим со сите Вас

Бурк: Покажавте храброст, одлучност и упорност, горд сум што сум во истиот тим со сите Вас
Скопје, 27 март 2021 (МИА) - Покажавте храброст, покажавте одлучност и упорност, горд сум што сум во истиот тим со сите Вас и целата Алијанса е посилна со вашето членство, сите сме посилни заедно, порача командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Роберт Бурк на свеченоста за одбележување на првата годишнина од членствот во НАТО во скопската касарна Илинден. Адмиралот Бурк потенцира дека Алијансата е посилна поради нашите заеднички принципи и вредности и, како што рече, Вашата посветеност кон идеалите за слобода и демократија и Вашата цврста решеност да обезбедите мир и стабилност. - Знам дека вие се надградувате на овие импресивни способности кои веќе ги имате и вашата уникатна експертиза и стручност, ќе биде одличен придонес за Алијансата. Знам дека ќе служите како сјаен пример на другите земји кои го следат Вашиот пат, рече тој. Во обраќањето командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, истакна дека е тука за да оддаде почит и да се придружи на прославата. - И не сум само јас. Предмалку видовме исклучителен приказ на поддршка од грчките воздухопловни сили како дел од НАТО Ер полисинг мисијата, а им се придружи целото НАТО за целосна почит на Република Северна Македонија на првата нејзина годишнина од приемот во Алијансата како наш 30-ти сојузник, потенцира Бурк. Тој додаде дејка пред да стане сојузник, Северна Македонија долго време беше партнер и придонесувач за НАТО и за евроатлантската безбедност. Адмиралот Бурк се осврна на тоа дека нашата земја се приклучи на програмата на НАТО Партнерство за мир во 1995 година и започна акциски план за членство на Самитот во Вашингтон во 1999 година. - Од тогаш вашата посветеност кон Алијансата се докажува одново и одново. Северна Макеоднија агресивно бара начини да придонесе кон стабилноста во регионот и пошироко, на многубројни начини како што е распоредувањето на ваши трупи во КФОР на Косово и мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан и во Ирак, изајви меѓу другото Адмиралот Бурк. Пред претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и останатите гости, адмиралот Бурк, потсети дека на овој ден лани генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Северна Македонија сега е дел од семејството на Алијансата, „семејство од 30 земји и речиси една милиајрда луѓе, семејство зановано на сигурноста и без оглед на предизвиците со кои се соочуваме, сите сме посилни и побезбедни заедно“. Бурк истакна дека целосно се согласува со тоа и посочи оти во осмата деценија на НАТО како најдолготрајна Алијанса во светот се соочуваме со времиња на предизвик и со комплексно стратешко опкружување. Според него, надворешните чинители, наметливи соседи, како што рече, остануваат активни со директни импликации врз регионалната безбедност. - Сепак останува нашата непоколеблива заложба дека секоја земја мора да биде слобода, да ги избере своите ебзбедносни аранжмани, вклучително дали да се приклучи или не на кој било договор или сојуз како што е НАТО, рече Адмиралот Бурк, додавајќи оти мора повеќе да се потрудиме да ги разбереме импликациите од земји како Кина по нашата безбедност и покрај тоа и понатаму ја гелдаме постојаната сакана од тероризмот. Тој наведе дека сите бевме сведоци на нови предизвици по нашата безбедност во форма како што е пандемијата КОВИД-19, но кога се соочуваме со тешки моменти, потенцира, смирува фактот што ја имаме поддршката од нашите пријатели сојузници. - Како што стои во Северноатлантскиот договорот од 1949 година, основната цел е сојузниците на НАТО се цврстри во напорите за колективна одбрана и зачувување на мирот и безбедноста, нагласи адмиралот Бурк во обраќањето. цр/сп/

Остани поврзан