• сабота, 21 декември 2024

Буркина Фасо, Мали и Нигер се обединуваат во „Конфедерација на државите од Сахел“

Буркина Фасо, Мали и Нигер се обединуваат во „Конфедерација на државите од Сахел“

Ниамеј, 6 јули 2024 (МИА) -  Воените режими на власт во Буркина Фасо, Мали и Нигер денеска на својот прв самит во главниот град на Нигер, Ниамеј, го ратификуваа својот сојуз под решението на „конфедерација“,  одлука што го означува нивниот раскин со остатокот од западноафриканскиот блок, јавија француските медиуми.

Шефовите на државите на трите земји (војници кои на власт дојдоа со државен удар) „одлучија да направат уште еден чекор кон поблиска интеграција. За таа цел, тие го усвоија договорот за формирање конфедерација меѓу нив наречена „Конфедерација на државите од Сахел“, се наведува во коминикето од состанокот.

Трите земји во јануари соопштија дека ја напуштаат Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS). Според нив, оваа организација се користи како инструмент од страна на Франција, поранешна колонијална сила, за раскинувањето за кое тие презеле многу чекори. Создавањето на конфедерација го потврди ова раскинување на врските.

-Нашите народи неотповикливо ѝ свртеа грб на ЕКОВАС, рече генералот Абдурахаман Чиани, шеф на воениот режим на Нигер, на отворањето на самитот на кој учествуваат и лидерите на  Буркина Фасо - капетанот Ибрахим Траоре - и на Мали - полковникот Асими Гоита.

Тројцата, облечени во воени униформи, на пладне пристигнаа во конференцискиот центар во Ниамеј, на средбата што се одржа во услови на засилени безбедносни мерки.

Чиани го повика одбранбениот сојуз на државите Сахел (САС), создаден минатата година од трите земји, да стане „алтернатива на која било вештачка регионална унија преку градење на суверена заедница на народи, заедница која е далеку од контролата на странските овластувања“.

Односите меѓу трите земји и ЕКОВАС значително се влошија по државниот удар на 26 јули 2023 година што го донесе генералот Чиани на власт.

ЕКОВАС потоа воведе тешки економски санкции кон Нигер и се закани дека ќе интервенира со воена сила за да го врати на функцијата соборениот претседател Мохамед Базум.

Во февруари санкциите беа укинати, но односите меѓу двата табора остануваат ладни.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан