• петок, 22 ноември 2024

Бурим Љатифи нов директор на АД МЕПСО, назначени и членови на Надзорниот и Управниот одбор

Бурим Љатифи нов директор на АД МЕПСО, назначени и членови на Надзорниот и Управниот одбор

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Назначени се нови членови на Надзорниот и Управниот одбор на Операторот на електропреносниот систем за пренос на електрична енергија АД МЕПСО. За нов директор е назначен Бурим Љатифи, а за заменик директор Александар Пауноски.

Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека како единствен акционер во АД МЕПСО ги има назначено Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ за членови на Надзорниот одбор. 

Новиот Надзорен одбор на вчерашната седница ги избрал и новите членови на Управниот одбор. Покрај директорот и заменик-директорот, нови членови на Управниот одбор се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски. 

- Со изборот на новите членови на Управниот и Надзорниот одбор, приоритет се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и оддржлив развој на компнијата се со цел задоволување на потребите од електрична енергија за крајните кросиници. Притоа Управниот и Надзорниот одбор ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследените проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојни проекти со кои ќе допринесат за унапредување на преносната мрежа, се наведува во соопштението. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан