• петок, 10 мај 2024

Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година

Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година

Париз, 14 декември 2023 (МИА) - Францускиот град Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година, објави Росела Тарантино, претседател на жирито.

Избраниот француски град ќе ја понесе таа титула, што носи значителни економски и туристички придобивки.

Други француски градови во конкуренција беа Руан (северозападно), Монпеље (југ) и Клермон-Феран (централен дел).

За 2028 година беа номинирани и Скопје и Чешке Будејовице во Чешка.

Жирито со 12 члена од европски земји, избирајќи меѓу четири града, посвети посебно внимание на придонесот на проектот за долгорочниот развој на градот, на културно-уметничките содржини што ги нуди, неговата европска димензија, вклученоста на граѓанското општество во дефинирањето и подготовката на презентираниот проект, како и неговиот буџет.

Покренат во 1985 година под водство на Франција и Грција, системот на европска престолнина на културата има за цел да го стимулира културниот туризам преку организирање изложби, фестивали, па дури и изградба на музеи. зш/

Остани поврзан