• четврток, 04 декември 2025

Бурата Имелда ги погоди Бермудите - аеродромот, училиштата и владините згради се затворени

Бурата Имелда ги погоди Бермудите - аеродромот, училиштата и владините згради се затворени

Вашингтон/Лондон, 2 октомври 2025 (МИА) - Тропска бура од категорија 2, Имелда, ги погоди Бермудите доцна синоќа, запирајќи ги речиси сите поголеми активности на британската територија.

На Бермудите денеска се очекуваат силни ветрови и обилни дождови, а метеоролозите предвидуваат дека бурата ќе помине до полноќ.

Издаден е код за ураган. Имелда беше најсилна покрај југозападниот брег на Бермудите. Налетите достигнаа 155 километри на час, објави Националниот центар за урагани на САД во Мајами, Флорида.

-Ова е опасна бура, која носи деструктивни ветрови, обилни дождови и големи бранови, изјави министерот за внатрешна безбедност на Бермудите, Мајкл Викс.

Сите јавни училишта беа затворени, а меѓународниот аеродром беше затворен, а таму беа мобилизирани 100 воени лица за итни интервенции.

Државната администрација, исто така, престана да работи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан