• понеделник, 23 декември 2024

Бунтовниците од Тиграј ги прогласија странците кои ја поддржуваат етиописката Влада за платеници

Бунтовниците од Тиграј ги прогласија странците кои ја поддржуваат етиописката Влада за платеници
Адис Абеба, 12 ноември 2021 (МИА) – Бунтовничките сили на Тиграј денеска се заканија дека „ќе ги ловат“ странците кои ја поддржуваат Владата на Етиопија. Портпаролот на Народно ослободителниот фронт на Тиграк (ТПЛФ), Гетачев Реда истакна дека странците кои ја поддржуваат етиописката Влада, без оглед на нивната националност ќе бидат третирани како платеници. Војната, во која загинаа илјадници лица и расели над два милиона луѓе, ескалираше овој месец откако бунтовниците од етиопискиот северен регион Тиграј и нивните сојузници напредуваа и се заканија дека ќе тргнат во освојување на Адис Абеба. ми/

Остани поврзан