• четврток, 14 ноември 2024

Букурешт од утре со нови ограничувања поради коронавирусот

Букурешт од утре со нови ограничувања поради коронавирусот

Букурешт, 6 октомври 2020 (МИА) - Префектот на Букурешт објави дека голем број ограничувања во градот ќе стапат на сила од утре, поради исклучително високиот број новозаразени со Ковид-19 во романскиот главен град, јавија локалните медиуми.

Мерките вклучуваат забрана за внатрешни активности на барови, ресторани и кафулиња, со исклучок на хотели и пансиони, кои имаат право да им служат само на своите гости.

Забранети се и претстави и концерти, пренесува БТА.

Задолжително ќе биде да се носат маски во областите околу училиштата. Зајакната е контролата за носење маски на пазарите и во јавниот превоз.

Префектот Георге Коџуану рече дека мерките ќе бидат на сила најмалку во следните седум дена или се додека нивото на заболени не падне под 1,5 на 1.000 луѓе. паг/

Остани поврзан