• четврток, 04 јули 2024

Бузалковски го доби бронзениот медал освоен во Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Бузалковски го доби бронзениот медал освоен во Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) – Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски викендот го доби признанието за освоено трето место на престижниот Европски шампионат во брзински моторциклизам.

На „Prize Giving Ceremony“ во Верона, Италија, Бузалковски го доби бронзениот медал, прв за еден Македонец  во ова натпреварување.

- Огромна чест и задоволство е да се натпреваруваш на ваков шампионат, а уште поголема е кога ќе освоиш медал од истиот! Истовремено сум многу среќен и горд што заедно со мојот тим успеавме да испишеме историја во македонскиот мотоспорт и што вложениот труд испливува на површина. Овој бронзен медал нас е силна мотивација за идните планови и цели, изјави Бузалковски.

Со Prize Giving Ceremony се заокружи 2023 година во Европски шампионат. зс/

Остани поврзан