• четврток, 20 февруари 2025

Шефот на украинското разузнавање Буданов тврди дека можно е да биде постигнат договор за прекин на огнот до крајот на годинава

Шефот на украинското разузнавање Буданов тврди дека можно е да биде постигнат договор за прекин на огнот до крајот на годинава

Киев, 20 февруари 2025 (МИА) - Шефот на Украинската воена разузнавачка служба ХУР, Кирило Буданов изјави дека Украина и Русија би можеле да постигнат договор за прекин на огнот до крајот на годинава.

„Мислам дека годинава ќе постигнеме прекин на огнот. Колку долго ќе трае или колку ќе биде ефективно е друго прашање“, рече Буданов.

Според него, „повеќе компоненти“ потребни за постигнување договор се веќе подготвени, што укажува на можноста за договор во наредните месеци.

Сепак, Буданов изрази сомневање за ефикасноста на какви било мировни сили кои би можеле да бидат распоредени во Украина.

„Покажете ми барем една земја во светот во која имаше влијание распоредувањето мировни сили“, порача Буданов. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан