• понеделник, 23 декември 2024

Бугарските социјалисти го поддржаа Румен Радев за втор претседателски мандат

Бугарските социјалисти го поддржаа Румен Радев за втор претседателски мандат

Софија, 17 април 2021 (МИА) - Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија одлучи да ја поддржи претседателската двојка Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат со 122 гласа „за“, ниту еден против и девет воздржани, јави дописникот на МИА од Софија.

Членовите на Националниот совет формираа работна група за комуникација со претседателската двојка за формулата за нејзино номинирање, иницијативниот комитет и политиките што ќе ги бранат Радев и Јотова.

Групата за комуникација ќе биде предводена од лидерот на БСП, Корнелија Нинова и ќе вклучува високи претставници на раководството на партијата, меѓу кои и Кристијан Вигенин, поранешен министер за надворешни работи во времето на премиерот Пламен Орешарски, во периодот 2013-2014 година. БСП ќе ги одобри политиките развиени од Извршното биро, кои ќе бидат предмет на разговори помеѓу работната група и претседателската двојка за нејзиниот втор мандат. Додека раководството на БСП имаше состанок, младинската организација на БСП скандираше за оставка на Корнелија Нинова. нк/  

Остани поврзан