• петок, 05 декември 2025

Бугарскиот филм „Денот кога ќе се роди“ вклучен во официјалната селекција на Меѓународниот фестивал на краток филм во Корча

Бугарскиот филм „Денот кога ќе се роди“ вклучен во официјалната селекција на Меѓународниот фестивал на краток филм во Корча

Софија, 11 август 2025 (МИА/БТА) - Бугарскиот филм „Денот кога ќе се роди“ е вклучен во официјалната селекција на Меѓународниот фестивал на краток филм во Корча, Албанија, објави веб-страницата на настанот.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

-По часови гледање, денови дискусии и месеци посветена работа, конечно дојде моментот - официјалната селекција за 12-тото издание на KO:SH Film Fest 2025 е готова“, вели публикацијата. „Секој филм е избран по долг и страствен процес од страна на нашиот тим за селекција и претставува силни гласови, свежи визии и уникатни перспективи од целиот свет“, се вели во соопштението.

Меѓународниот филмски фестивал во Корча ќе се одржи од 9 до 13 септември 2025 година.

Според тимот, „темата на „Денот кога ќе се роди“ е брутална затоа што е социјална - посветена на луѓето обележани со проклетството на деменцијата и нивните сложени односи со најблиските. Но, филмот е и за љубовта, која нè спасува во катастрофите на животот“.

Сценариото е на новинарот Емил Спахијски и романскиот режисер Богдан Мурешану, чиј најнов филм „Новата година што никогаш не дојде“ беше селектиран во натпреварувачката секција „Хоризонти“ на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција. Кинематографер е Кирил Проданов („Стапицата“), а продуцент е „Доли продакшнс“.

Во глумечката екипа се Пламена Гетова („Авантаж“, „Ноќ со белите коњи“, „Војната на буквите“), Иринеј Константинов („Триптих за апостолот“, „Петтемина од „Моби Дик“), Јулијан Костов („Повик на должноста“, „Белиот лотос“, „Сенка и коска“), Мирела Илиева од „Игри на волјата“ и други.

Филмот е финансиран од Националниот филмски центар и е базиран на истоимената приказна од Јорданка Белева. мс/

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан