• недела, 22 декември 2024

Бугарскиот претседател стави вето на измените на Законот за поттикнување инвестиции кои ја загрозуваат заштитата на животната средина

Бугарскиот претседател стави вето на измените на Законот за поттикнување инвестиции кои ја загрозуваат заштитата на животната средина

Софија, 29 април 2024 (МИА) - Бугарскиот претседател Румен Радев го искористи правото на вето на одредени одредби од Законот за поттикнување инвестиции, кои го загрозуваат уставно загарантираното право на бугарските граѓани на здрава животна средина, соопшти прес-секретарот на шефот на државата.

Радев без да ја оспорува потребата од забрзување на изградбата на објектите од стратешко значење, на нова расправа во Народното собрание ги враќа текстовите, чија имплементација би довело до намалување на степенот на одговорност на администрацијата за заштита на животот и здравјето на луѓето при реализација на проекти од големи размери.

Според него, законската регулатива треба да овозможи брза и квалитетна изградба на значајните објекти за Бугарија, но во исто време да биде во согласност со обврската на државата да ги заштити граѓаните и природата. Ваквиот принципиелен став на претседателот постојано се изразува при остварувањето на правото на вето. Ова е третпат, по указите од 2017 и 2019 година, кога Румен Радев се спротивставува на мерките слични на оние донесени во овој закон, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Демонстранти против измените на Законот за заштита на животната средина се собраа на 19 април пред Собранието. Претставници на еколошки организации и граѓани изразија незадоволство што со измените на Законот за поттикнување инвестиции може да се гласа за текстови со кои ќе се поништи граѓанската контрола врз одлуките што ја засегаат природата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан