• четврток, 26 март 2026

Бугарскиот Парламент ја избра новата влада на чело со Жељазков

Бугарскиот Парламент ја избра новата влада на чело со Жељазков

Софија, 16 јануари 2025 (МИА) - Парламентот на Бугарија го избра Росен Жељазков за премиер на Република Бугарија, јавија бугарските медиуми. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“ 114, без воздржани.

Пратениците ја поддржаа структурата на Советот на министри со истото мнозинство со кое го избраа Жељазков. И составот на владата доби 125 гласа „за“.

Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан