• недела, 22 декември 2024

Бугарскиот министер за надворешни работи на средба со албанската амбасадорка во Софија

Бугарскиот министер за надворешни работи на средба со албанската амбасадорка во Софија
Софија, 27 октомври 2021 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев оствари средба со албанската амбасадорка во Софија, Доника Хоџа. На средбата, тие дискутирале за одличните односи меѓу двете земји, активниот политички дијалог, продлабочувањето на соработката во повеќе области од заеднички интерес и потенцијалните области за развој, јави дописникот на МИА од Софија. -Албанија и Бугарија се пријателски земји и партнери во НАТО, изјави Стоев и додаде оти интензивната размена, вклучувајќи ги и културата и туризмот ќе придонесе кон зближување на народот. Министерот посочи дека отворањето на културно информативни центри во Софија и Тирана ќе претставува важен чекор и очекува тоа да се оствари што поскоро. Стоев и Хоџа на средбата дискутирале и за заедничкиот интерес во областа на туризмот. Според податоците, во 2019 година Албанија ја посетиле 45.000 Бугари. Хоџа истакнала дека Албанија е заинтересирана и за зајакнување на универзитетските врски, вклучувајќи и отворање на бугарски филијали во Албанија, што ќе бидат од корист за бугарското малцинство. Како дел од дијалогот меѓу министерот и амбасадорката беше поздравен Меморандумот за забрзување на изградбата на Коридорот 8, потпишан пред една недела во Софија од министрите за транспорт на Република Северна Македонија, Албанија и Бугарија. Изградбата на Коридорот 8, според Стоев ќе има големо влијание врз поврзувањето на регионот. Како што посочи министерот Стоев, неговото завршување ќе има многу сериозно влијание врз поврзувањето во нашиот регион. Софија ја истакна и постојаната поддршка на Бугарија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, а за неа принципот на сопствените заслуги на секој кандидат останува водечки во процесот на пристапување во ЕУ. Тој додаде Софија постојано ја истакнува поддршката на Бугарија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, а принципот на сопствените заслуги на секоја земја-кандидат останува водечки во процесот на пристапување во ЕУ. Според министерот Стоев, неговото завршување ќе има многу сериозно влијание врз поврзувањето во нашиот регион. Софија ја истакна и постојаната поддршка на Бугарија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, а за неа принципот на сопствените заслуги на секој кандидат останува водечки во процесот на пристапување во Европската Унија. -Албанија има пријател за патот кон ЕУ и наша поддршка, заклучи Стоев. Албанија бележи напредок на патот кон ЕУ, заклучија Стоев и Хоџа, при што Бугарија не ја исклучува можноста за одвојување на Албанија и Северна Македонија во преговарачкиот процес. нк/ки/

Остани поврзан