Бугарија ќе донира вакцини против Ковид-19 за Северна Македонија
- Владата на Бугарија усвои нацрт договор за донација на вакцини против Ковид-19, произведени од Фајзер-Бионтек на Република Северна Македонија, јави бугарската новиснка агенција БТА

Софија, 18 август 2021 (МИА) - Владата на Бугарија усвои нацрт договор за донација на вакцини против Ковид-19, произведени од Фајзер-Бионтек на Република Северна Македонија, јави бугарската новиснка агенција БТА.
Тоа е тристран договор помеѓу Република Бугарија, Република Северна Македонија и Фајзер-Бионтек.
Исто така е усвоен Двостран договор за донација на вакцини против Ковид-19 помеѓу двете земји.
Договорите предвидуваат донација од 51.480 дози од вакцината Комирнати, како и дека сите расходи за достава на вакцините да бидат на товар на Република Северна Македонија. ми/