• сабота, 18 мај 2024

Бугарија не учествувала во изготвувањето на нон-пејпер за Северна Македонија

Бугарија не учествувала во изготвувањето на нон-пејпер за Северна Македонија
Софија, 14 септември 2021 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека властите во земјата на никаков начин не учествувале во подготвувањето на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. Дописникот на  МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението од бугарското Министерство за надворешни работи, информираш дека оттаму истакнале дека не се официјално известени за таков документ, ниту пак дека учествувале во неговата подготовка и поради тоа не можат да ја коментираат неговата автентичност и содржина.нк/см/

Остани поврзан