Бугарија/Избори: Трифонов освои речиси 6.000 гласови повеќе од Борисов
- Според преброени речиси 99 проценти од гласовите партијата на телевизискиот водителот Слави Трифонов, Има таков народ има предност од скоро 6.000 гласови пред коалицијата предводена од Бојко

Софија, 12 јули 2021 (МИА) - Според преброени речиси 99 проценти од гласовите партијата на телевизискиот водителот Слави Трифонов, Има таков народ има предност од скоро 6.000 гласови пред коалицијата предводена од Бојко Борисов ГЕРБ-УДФ.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата на Трифонов освоила 23,9 проценти од гласовите, а ГЕРБ-УДФ освои 23,7 отсто.
Според освоените гласови трета е коалицијата БСП за Бугарија со 13,5 проценти од гласовите, а четврта е Демократска Бугарија со 12,6 отсто.
Следат Движењето за права и слободи и Исправи се, мафијата надвор. Првпат по повеќе години ГЕРБ го загуби првото место во неколку области. Постои таков народ е прва политичка сила во седум области.
Бугарите во странство дадоа најмногу гласови за Има таков народ - 35 проценти. Додека Демократска Бугарија е малку пред Движењето за права и слободи. Според гласовите на Бугарите во странство ГЕРБ-УДФ е на четвртото место, односно за неа гласале нешто повеќе од 9 отсто. нк/ми/