Бруно Фернандеш повторно е број еден во Манчестер Јунајтед
- Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, официјално е прогласен за играч на сезоната во клубот.
Манчестер, 16 мај 2025 (МИА) - Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, официјално е прогласен за играч на сезоната во клубот.
И покрај исклучително слабата кампања на „Црвените ѓаволи“, кои се само на 16-та позиција на табелата во Премиер лигата, Португалецот досега има акумулирано 19 гола и 19 асистенции на 54 натпревари, или вкупно 38 пати бил директно вклучен во постигнувањето голови.
Поранешниот плејмејкер на Спортинг Лисабон го освојува трофејот по рекорден четврти пат. Бруно Фернандеш исто така беше клучен фактор во пласманот за финалето на Лигата на Европа, каде што тимот ќе се соочи со Тотенхем следната среда. Тој е добитник на истата награда за 2020, 2021 и 2024 година.
Во меѓувреме, Амад Дијало го освои трофејот за најубавиот гол на Манчестер Јунајтед оваа сезона. Голот што му ја донесе наградата беше победничкиот во градското дерби против Манчестер Сити, што воедно донесе и целосен пресврт за тимот. дс
Фото: Архива