• петок, 22 ноември 2024

Бруклин ќе го задржи Ирвинг

Бруклин ќе го задржи Ирвинг
Њујорк, 23 август 2022 (МИА) – Раководството на НБА-лигашот Бруклин нетс им даде до знаење на тимовите заинтересирани за Кајри Ирвинг дека планира да го задржи во тимот. Според „Атлетик“, за време на летната пуза, Ирвинг поминал заеднички тренинзи со соиграчите и имал „конструктивен дијалог“ со тимот. Претходно, инсајдерот на ESPN Брајан Виндхорст изјави дека Ирвинг ќе ја помине сезоната 2022/23 во Бруклин. Во јуни, Ирвинг искористи опција во неговиот договор и ја продолжи за сезоната 2022-2023 со плата од 36,9 милиони долари. зс/

Остани поврзан