• недела, 22 декември 2024

Бројот на раселените лица поради конфликтот во Судан надмина четири милиони луѓе

Бројот на раселените лица поради конфликтот во Судан надмина четири милиони луѓе

Дарфур, 10 август 2023 (МИА) - Повеќе од четири милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови откако избија борби во Судан пред околу четири месеци, соопштија Обединетите нации, пренесува ДПА.

- По 16 недели конфликт во Судан, повеќе од четири милиони луѓе се раселени во земјата и соседните земји, рече Клементин Нкета-Салами, хуманитарен координатор на ОН за Судан.

- Многумина од оние кои се заробени од борбите не се во можност - а во некои случаи активно се спречени - да побараат безбедност на друго место. Нкета-Салами додаде дека оние што успеваат да побегнат се соочуваат со не помали опасности, бидејќи на патот можат да станат жртви на насилство, грабеж и малтретирање. Таа тоа го изјави при презентирањето на извештајот за ситуацијата во Судан на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

На истиот брифинг, Едем Васорну, директор на оперативниот оддел за човекови права при Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, рече дека само од 23 јуни 1,4 милиони луѓе ги напуштиле своите домови. ссм/

Остани поврзан