• петок, 22 ноември 2024

Бројот на загинати при превртување на чамец кај Сирија се искачи на 60 лица

Бројот на загинати при превртување на чамец кај Сирија се искачи на 60 лица
Дамаск, 22 септември 2022 (МИА) - Најмалку 60 лица се удавија при превртувањето на чамецот со мигранти во близина на сирискиот брег. Гувернерот на сириската провинција Тартус, Абдул Халим Калил за локалните медиуми денеска изјави дека потрагата за уште тела е во тек. Чамецот што испловил од Либан се преврте пред два дена. Во текот на изминатиот месец, илјадници Либанци, Сиријци, Палестинци го напуштија Либан и преку море се упатија кон Европа. Во Либан живеат околу шест милиони луѓе, вклучувајќи и повеќе од милион сириски бегалци. Над три четвртини од населението живее во сиромаштија поради економската криза во земјата од 2019 година. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан